Настани

Обука на згрижувачи

10.06.2022

Обука на згрижувачи
Центарот за поддршка на згрижувачи при ЈУДД 11 Октомври-Скопје, како имплементатор на обуките за згрижувачи и згрижувачки семејства, организираше обуки на оние лица, кои се згрижувачи на деца кои имаат потреба од 24-часовно згрижување и подели сертификати за истото.
ООУ Вера Јоциќ

08.06.2022

ООУ Вера Јоциќ
И повторно се здобивме со нови пријатели. Овој пат тоа се Учениците од II-2 и IV-1одделение со нивните наставнички Ивана Јовановска и Даниела Накова. За крајот на школската година тие решија да донесат многу убави и разновидни донации за децата од нашата установа.
Полуматура 2022

07.06.2022

Полуматура 2022
Оваа година полуматурантите иако скромно, но со голема љубов, ја обележаа својата матурска вечер. На неа и претходеше спремањето и дотерувањето во LaChic. Министерката Јована Тренчовска го збогати настанот со дел од претставници од Министерството за Труд и социјална политика и им го честита убавиот повод на матурантите.
Работна средба со претствници од Косово

05.06.2022

Работна средба со претствници од Косово
Пред СОС Детско Село од Косово, Министерството за труд и соц.политика на Косово и пред претставниците од УНИЦЕФ од Косово ги претставивме нашите искуства во реформаите на социјалната заштита. Бидејќи сме со најдобри достигнувања во оваа област во регионот имаме право да се гордееме, а нашите достигнувања се добар патоказ за тоа како успешно се работи.
Подај рака, промени живот

01.06.2022

Подај рака, промени живот
Официјално започна кампањата за поддршка на згрижувачки семејства организирано од Министрството за труд и социјална политика која има за цел да ја подигне информираноста за заначењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца. Бидејќи во нашата установа имаме Центар за поддршка на згрижувачки семејства, нашата институција зема активно учество во неа. Мотото на кампањата е: ПОДАЈ РАКА ПРОМЕНИ ЖИВОТ. БИДИ ЗГРИЖУВАЧ!
Донаторска изложба „Разбиди ја креативноста“

28.04.2022

Донаторска изложба „Разбиди ја креативноста“
Од сработеното при едукативниот курс „Разбуди ја креативноста“ на децата од малите групни домови при домот, во културно-социјалниот центар ЈАДРО повторно се одвиваше настан од донаторска изложба на децата кои го посетуваа овој проект со прекрасни нивни фотографии. Посетителите беа видно возбудени од изработеното, што остава простор за повторна активност на вакви теми. Особено сме горди затоа што градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски го поддржа настанот со своето лично учество.

За подобра иднина, во допир со сегашноста.

Добивајте бесплатни месечни пораки со новости и тековни информации.