Настани

Магијата во волонтерството

20.10.2022

Магијата во волонтерството
Кога ќе се спојата работата и задоволството се создава една убава магија за дружење. Таква магија со своите магионичатски трикови волонтерски ни претстави магионичарот Кристијан, па децата од помалата возраст во групните домови уживаа во претставата. Така магионичарот Кристијан се здоби со епитетот наш добар пријател.
Конференција за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица

07.10.2022

Конференција за размена на знаења и практики помеѓу стручни лица
Во Клубот на Пратеници се одржа дводневна „Конференција за размена на знаења и практики“ помеѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема: „Згрижување и згрижувачки семејства“, на која присуствуваат претставници на Сојузното министерство за социјална заштита, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности и Центрите за поддршка на згрижувачки семејства меѓу кои и нашиот Центар. Одлична можност да се разменат искуства и пракса кои ќе придонесат за унапредување на формата на заштита на децата- згрижување во згрижувачки семејства.
Тематска ликовна работилница

30.09.2022

Тематска ликовна работилница
Прекрасен работен ден посветен на ликовната уметност. Децата од малите групни домови ги искажаа своите уметнички кавалитети и направија убави уметнички дела.
Дијаспората со донација

28.07.2022

Дијаспората со донација
Обединетата македонска дијаспора донира парично за облека, ранци и слично за децата за во училиште и станаа наши постојани пријатели...
Обуки во Делчево

28.06.2022

Обуки во Делчево
Успешно се завршени обуките на вопитувачите. ЈУДД секогаш се со најдобри резултати.
Кампањата за згрижувачи во Штип

21.06.2022

Кампањата за згрижувачи во Штип
Кампањата на Министерството за труд и социјална политика, ПОДАЈ РАКА, ПРОМЕНИ ЖИВОТ, СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ продолжи во Штип со убава свеченост. На настанот за свесноста на важноста за згрижување на деца и создавање можност за креирање на една достапна мрежа за згрижувачки/роднински семејства, свое излагање даде и раководителката на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУДД 11 Октомври-Скопје.

За подобра иднина, во допир со сегашноста.

Добивајте бесплатни месечни пораки со новости и тековни информации.