За нас

Нашата цел

  • Јавната установа Детски дом „11 Октомври“ – Скопје е Установа со децениска традиција во згрижувањето и поддршката на деца без родители и без родителска грижа. Нашата мисија е да обезбедиме сигурна, стабилна и поттикнувачка средина во која секое дете ќе може да расте, да се развива и да ја изгради својата иднина.
  • Во рамките на процесот на деинституционализација и модернизација на услугите, Домот работи по принципот на дисперзирано згрижување во станбени единици. Сместувањето се одвива во пет станбени единици, каде децата се организирани во мали групи, со цел создавање услови блиски до семејниот модел на живеење, кој овозможува поиндивидуализиран пристап и зголемена психосоцијална поддршка.

Установата функционира преку три оддели:

  • Оддел за сместување и згрижување корисници, кој обезбедува директна грижа, воспитување и секојдневна поддршка за децата сместени во петте станбени единици;
  • Центар за поддршка на згрижувачки семејства, кој нуди обука, советување и континуирана стручна поддршка на згрижувачките семејства, како и следење на нивната работа;
  • Оддел за административни, помошно-технички работи и управување со човечки ресурси, кој се грижи за функционалноста на установата и поддршката на вработените.
  • Нашиот тим е составен од стручни и посветени професионалци – социјални работници, психолози, педагози, медицински, административен и технички персонал – кои секојдневно се грижат за добросостојбата и развојот на децата.

Во ЈУ Детски дом „11 Октомври“, веруваме дека секое дете заслужува љубов, поддршка и можност за среќна и успешна иднина.

ЈУДД „11 Октомври“-Скопје

Нашиот Тим

м-р Розетка Влаховиќ

в.д. Директор

Ирена Алексовска

Раководител на воспитна служба

Ана Панчева

Раководител на Центар за згрижувачки семејства

Нашата историја

  • x

    Домот започна со работа како место каде после војната се згрижени деца избеглици од Егејска Македонија, кои останале без родители како последица од Граѓанската војна во Грција.

    1946
  • x

    Установата е основана со решение на Градското собрание на Град Скопје бр.8242/1 од 04.10.1965 г. за основање на Детскиот дом „11 Октомври“ - Скопје

    1965
  • x

    Со број 07-36362 од 28.12.1972 г. Установата продолжува да работи под името Центар за заштита на деца и млади „11 Октомври“- Скопје, запишано во Окружен Стопански Суд под број 2338/73 и основач на Собранието на Град Скопје

    1972
  • x

    Со број 2-1474 од 04.11.1983 г. и акт број 16-6097 од 21.11.1983 г. од Собранието на Општина Центар, Детски дом „11 Октомври“-Скопје се организира со издвојување од составот на „РО Центар за заштита на младинци-Младост“- заведено во Окружен Стопански Суд- Скопје ФИ, бр.1267 од 30.12.1983 г.

    1983
  • x

    Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија број 23-3130 од 09.12.1999 г. Установата продолжува да работи под името ЈУ Детски дом „11 Октомври“ - Скопје, според уписот во Основниот суд Скопје 1, Скопје- Срег.број 325/2003 од 17.06.2003 г.

    1999
  • x

    Установата е регистрирана во Централниот Регистар на РМ од 17.01.2007 година под дел со број 30120070000619.

    2007
  • x

    Согласно Одлуката за утврдување на мрежата на јавните Установи за социјална заштита број 41-2743/1 донесена од Владата на Република Македонија на 01.05.2013 година, Службен весник на Република Македонија бр. 67/2013, Установата продолжува да работи како ЈУ Детски Дом „11 Октомври“ - Скопје.

    2013
  • x

    До крајот на 2018 година целосно се промени промените на функциите на Домот за деца без родители „11 Октомври“ - Скопје и децата се сместени во Организациите на Единици во Скопје, кои работат 4 мали групи домови.

    2018
  • x

    Со длука од Владата на РСМ бр.40-3499/1 од 23.03.2021 г. одобрено е проширување на дејноста: со сместување и без сместување на корисниците на услуги во Установата.

    2021

Стратегија

Нашата стратегија се базира на развој на двојна насока на згрижување:

  • Директна грижа преку станбени единици, 
  • Поддршка и развој на згрижувачки семејства

Клучни стратешки цели:

  • Унапредување на моделот на организациони единици
  • Јакнење на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства
  • Обезбедување на квалитетни човечки ресурси
  • Јакнење на партнерствата

Направете донација

Би сакале да помогнете со донација? Внесете ги Вашите информации подолу или закажете состанок. Нашиот тим ќе ве исконтактира во најбрз можен рок.

За подобра иднина, во допир со сегашноста.

Добивајте бесплатни месечни пораки со новости и технички информации.