Настани

Донација од Меѓународниот Балкански Универзитет

26.04.2021

Донација од Меѓународниот Балкански Универзитет
Донација на 2-таблети за децата, од студентите и професорите на одделот за Градежништво, на факултетот за Инженерство при Меѓународниот Балкански Универзитет.
Обука за противпожарна заштита

17.03.2021

Обука за противпожарна заштита
Од страна на лиценцирани предавачи од Друштвото за проектирање, монтажа, испитување и инженеринг ТЕХНИЧКА СИГУРНОСТ-БМВ Мирко ДООЕЛ Скоpje, се оддржаа обуките за противпожарна заштита при работа, со вработените во Установата.
Орган за надзор со седница

09.03.2021

Орган за надзор со седница
На седницта на Органот за Надзор се прегледа Извештајот на Пописната комисија од извршениот попис на Установата со состојба на ден 31.12.2020 година, се прегледа и се даде мислење за Материјално-финансовиот извештај и Завршната сметка за 2020 година.
Седница на Управниот Орган

09.03.2021

Седница на Управниот Орган
На седницата на Органот на управување се разгледа и усвои Извештајот на Пописната комисија на Установата, на Материјално-финасискиот Извештај и Завршните сметки со состојба на ден 31.12.2020. Исто така се утврдија финансиските Планови, се донесе Олука за висината на благајничкиот максимум за 2021 година, се разгледа и Извештајот за работа на Установата и се донесе Одлука за усвојување на Извештајот за работата на Установата за 2020 година.
Програма за обука со млади

01.03.2021

Програма за обука со млади
Од 23 до 26 февруари 2021 година успешно се заврши обуката за работа со млади од областа на животните вештини, вештини за вработување и советување програма за млади во АД Пивара.
Обуки за безбедност и здравје при работа

16.02.2021

Обуки за безбедност и здравје при работа
На 16.02.2021 година и на 17.02.2021 година, се оддржаа обуките за безбедност и здравје при работа, од страна на лиценцирани предавачи од Друштвото за проектирање, монтажа, испитување и инженеринг ТЕХНИЧКА СИГУРНОСТ-БМВ Мирко ДООЕЛ Скоpje со вработените во нашата Установа.

За подобра иднина, во допир со сегашноста.

Добивајте бесплатни месечни пораки со новости и тековни информации.